ВИДЕО: Во полициска акција уапсени тројца Македонци кои биле припадници на ИСИС
Во рамки на глобалната борба против тероризмот, МВР односно Бирото за јавна безбедност- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност и Република Франција, која постапи по меѓународна потерница издадена од нашата држава, реализираше случај, при што од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија.
Во изминатиот период, лицата О.С (28), Р.С.(33) и М.Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија.
Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.
Согласно обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска (12.05.2023) поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Брисел: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
-
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-
Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
-
Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa
-
НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас