-->
-->
(ВИДЕО) Вечерва одлука, дали Русите ќе учествуваат на ЗОИ 2018?
-->
Извршниот одбор на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) односно претседателот Томас Бах вечерва на прес конференцијата закажана за 19:30 часот,
Ќе ја соопшти конечната одлука, дали ИОК ќе им дозволи на руските спортисти да учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, 2018 година.
На само девет недели пред почетокот на ЗОИ, Русите се пред суспензија од натпреварите во Јужна Кореја, поради доказите за системски допинг за време на игрите на кои беа домаќини во Сочи 2014 година.
ИОК минатата година им забрани на руските спортисти да се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Рио, а од сите меѓународни федерации поединечно побара да се изјаснат дали ќе им дозволат на Русите да настапуваат на игрите.
И овојпат, Извршниот комитет на ИОК, се очекува да донесе слична одлука, или евентуално да им дозволи на руските спортисти да настапат на игрите во Пјонгчанг, но како независни спортисти, без право на интонирање на руската химна и истакнување на руското знаме, на што остро реагираше официјална Москва, пред се рускиот претседател Владимир Путин, кој ја отфрли таквата опција.
Претседателот на ИОК, Томас Бах се очекува вечерва да ја соопшти конечната одлука на прес-конференцијата закажана за 19 часот и 30 минути.
Обраќањето на Бах ќе може да го проследите на официјалниот „YouTube“ канал на ИОК, односно на следниот линк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство