Спорт плус
28. February 2022 - 18:30

(ВИДЕО) Со нокаут по 30-секунди, Ермин Мамудоски го одбрани шампионскиот појас

Ермин Мамудоски, кој по потекло од Пласница, кичевско, а роден и живее во Хам, Германија, го одбрани шампионскиот појас во верцијата на „Ол Фајт Систем Организацијата“  (АСФО). 

28-годишниот Мамудоски беше предизвикан Дејан Драгосаворд, но нашиот кик-боксер уште еднаш потврди дека е вистински шампион. 

Бодрен од преку 3.000 македонци, со развиорени македонски знамиња, кои пристигнаа од цела Германија и регионот, тој го совлада својот противник и  тоа со нокаут по само 30-тина секунди минати од борбата. 

Со тоа Мамудоски ја впиша својата 27 победа во 33-тиот меч во професионалната кариера, од кои дури 20 ги има завршено со нокаут.  

Ермин за кого ова е седми (7) шампионски појас најавува дека тука не застанува и дека наскоро ќе атакува и на шампионскиот појас во тешка категорија, со кој би ги обединил титулите и би станал апсолутен првак.