-->
-->
(ВИДЕО) Младите кошаркари го добија првиот меч ротив Бугарија
-->

Македонската селекција за кошаркари до 20 години синоќа во салата на КК Вардар под Кале славеше убедлива победа над врсниците од Бугарија со 69:53 (17:16, 17:9, 14:12, 21:16).
За Македонија ова беше првата победа во рамките на подготовките за настап на Европското првенство Дивизија Б во Грција.
Со овој триумф избраниците на селекторот Љупчо Малинков и се реваншираа на младата репрезентација на Бугарија за првиот од двата пораза на пријателски средби во Правец.
Само во првите 10 минути кошаркарите на Бугарија беа рамноправен противник на нашиот национален тим. Во продолжението со одлична игра во одбрана и сигурен напад нашиот млад тим заслужено стигна до лесна и убедлива победа.
Селекторот Малинков на вечерашната средба ја подели минутажата на сите 12 кошаркари.
Истите ривали и денеска во салата на КК Вардар ќе одиграат уште еден контролен натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
