Фудбал
2. March 2016 - 0:04

ВИДЕО: Милан со „петарда„ против Алесандрија до финалето на „Копа Италија“

 
 
 
Фудбалерите на Милан со убедлива победа од 5:0 против Алесандрија во реванш натпреварот од 1/2-финалето на Копа Италија, обезбедија пласман во големото финале. 
 
„Роаонерите“ славеа победа од 1:0 и на првиот меч на гостински терен, па реванш дуелот беше само чиста формалност во дуелот против третоллигашот. 
 
Милан противникот во финалето ќе го дознае по реванш дуелот меѓу Интер и Јувентус во кој гостите од Торино ќе влезат со предност од 3:0 по првиот меч.