-->
-->
(ВИДЕО) Лазаров во идеалниот тим на мајските квалификации
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е избран во идеалниот тим на ЕХФ за изминатите две кола.
Македонија одигра двомеч со Исланд во Скопје и Рејкјавик.
Лазаров е прогласен за најдобар десен бек, а со 40 постигнати гола е убедливо прв на листата на стрелците во овој квалификациски циклус.
Францускиот голман Тијери Омејер, Уве Генсхајмер од Германија, Црногорецот Вуко Борозан, младата суперѕвезда од Норвешка, Сандер Сагосен, шпанското десно крило Феран Соле Сала и босанскиот пивот Бенјамин Буриќ се останатите ракометари кои го сочинуваат идеалниот тим на мајските квалификациите.
Во јуни во Скопје против Чешка и на гости во Украина, нашата селекција ќе се бори за потврда на континуитетот и пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски