-->
-->
Видео-конференција на ЕУ за градењето ограда и селектирање на бегалците во Македонија и Србија
-->
Контакт-точките определени на состанокот на шефовите на држави и Влади на земјите од западно-балканската мигрантска рута, попладнево ќе имаат видео-конференција на која Европската комисија ќе се интересира за изградбата на огради и селектирањето на бегалците од страна на Република Македонија и на Србија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, попладнево во 16 часот, Еврокомисијата ќе разговара со сите контакт-точки, меѓу кои е и државниот секретар во македонското Министерство за внатрешни работи Анстасија Илиеска, за да види што се случува по најавите од УНХЦР дека е започнато да се гради жичана ограда во Македонија.
Брисел се интересира и за информацијата дека Македонија, заедно со Србија, веќе ги селектираат бегалците и примаат само лица од Сирија, Ирак и Авганистна, земји што се зафатени со воен конфликт.
- Свесни сме што се случува во различни земји, но нам ни е важно земјите меѓу себе да контактираат. Тоа е договорено на состанокот на западно-балканските лидери за миграторската рута во Брисел и за истото ќе дискутираме попладнево, како и за селектирањето на бегалците, што никој од ЕУ или од институциите на Европската унија не го сугерирал, наведува висок извор од Еврокомисијата за МИА.
Според информациите, ЕУ нема намера да ги притиска земјите долж миграторската рута за да (не)превземаат чекори во однос на решавање на проблемот, посебно откако земји-членки на Унијат аи на Шенген-зоната, како Унгарија, Австрија, Словенија и Хрватска, веќе изградија или градат огради и исто така селектираат кого од бегалците да го пропуштат, а кого не.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари