-->
-->
(ВИДЕО) Имобиле ја продолжува својата гол серија
-->
Чиро Имобиле беше двоен стрелец на Лацио во победата над Каљари.
Во последниот натпревар од 9.коло на италијанското фудбалско првенство екипата на Лацио пред својата публика на „Олимпико“ го совлада Каљари со убедливи 3:0 полувреме 2:0.
Првите два гола за „лациалите“ ги постигна Имобиле во 7.минута од пенал, и во 41.минута.
Конечните 3:0, беа дело на репрезентативецот на Алгола, Бастос по само четири минути игра во вториот дел (49).
Инаку за Имобиле ова е веќе четврти натпревар во првенството во кој постигнува по два гола, а на дуелот против МИлан беше стрелец и на три погодови. Имобиле со вкупно 13 постигнати голови е најдобар стрелец во Серија А.
Лацио со 22 бодови е на 4.место на табелата, колку што има и третиот рангираниот Јувентус, додека Интер е втор со еден бод повеќе, а лидерот Наполи има 25 бода.
За тимот на Каљари ова беше седми пораз, а со само шест освоени бодови, Каљари е во групата на екипи од 14 до 17 место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти
-
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло