Фудбал
21. November 2017 - 9:56

(ВИДЕО) Голманите на Сандерленд и Милвол се натпреваруваа кој ќе прими посмешен гол

Четири гола беа постигнати на дуелот од англиската втора фудбалска лига „Чемпионшип“ меѓу Сандерленд и Милвол кој заврши без победник 2:2. 
 
Иако беше возбудливо и резултатски неизвесно, сепак мечот ќе биде запаметен по големите греши кои ги правеа голманите на двата тима. 
 
Буквално сите четири гола, беа постигнати по големи „киксови„ на голманите на Сандерленд, Рутер и неговиот колега на спротивната страна кај Милвол, Арчер. 
 
Во незапамтениот меч во поквалитетните англиски дивизии, еден меч да заврши со дури четири гола по грешки на голманите, двајцата „!чувари на мрежите“ едноставно ги испуштаа топките од раце и им овозможуваа на противничките играчи да постигнат гол.