-->
-->
(ВИДЕО) Босанците им земаа „мерка“ на Русите
-->
Босанските кошаркари го направија најголемото изненадување на стартот на квалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Кина.
Селекцијата на БиХ пред својата публика во Сараево, ја совлада Русија во меч од 1.коло на Е групата. Младиот Џанер Муса со 18 и искусниот Немања Гордиќ со 16 поени беа творци на оваа победа на босанската селекција со 81-76.
Вториот неочекуван резултат се случи на дуелот меѓу Холандија и Хрватска во кој на победата се радуваа домашните кошаркари.
Најнеизвесниот меч го одиграа Велика Британија и Грција во кој гостите до победата стигнаа по дополнителните пет минути.
Тешка гостинска победа оствари и Шпанија во Подгорица против Црна Гора, додека финалистите од последното ЕП, немаа проблеми. Европскиот шампион Словенија без најдобрите тријца кошаркари беше пресилен за Белорусија, а и вицепрвакот Србија славеше победа со 19 поени разлика против Австрија.
Комплетни резултати од 1.коло во квалификациите за СП:
Група А: Словенија – Белорусија 87-74 и Црна Гора – Шпанија 66-79
Група Б: Турција – Летонија 85-73 и Шведска – Украина 76-84
Група Ц: Полска – Унгарија 70-60 и Косово – Литванија 61-99
Група Д: Холандија – Хрватска 68-61 и Италија – Романија 75-70
Група Е: БиХ– Русија 81-76 и Белгија – Франција 59-70
Група Ф: Бугарија – Финска 80-82 и Чешка – Исланд 89-69
Група Г: Германија – Грузија 79-70 и Србија – Австрија 85-64
Група Х: Израел – Естонија 88-66 и Велика Британија – Грција 92-94 (по продолжение 82-82)
Во недела и понеделник на програмата се дуелите од второто коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски