Видел полицајци па го фрлил кесето, еве што пронајде полицијата кај скопски наркодилер
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Д.В.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Завчера околу 21.30 часот на улица „Благоја Паровиќ“ полициски службеници го забележале пријавениот како фрла кесе со марихуана.
Кесето било пронајдено, а Д.В. бил лишен од слобода. После тоа, врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени една кеса со марихуана, една вреќа со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
По извршеното вештачење било утврдено дека во пакувањата има еден килограм и 793 грама марихуана.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор