Вицепремиерот Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум.
Како што информира денеска Министерството за транспорт, во рамки на посетата Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум и ќе оствари политички и економски средби.
- Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум и дополнително на тоа најголемиот форум во делот на економијата во Југоисточна Европа, форум на кој доаѓаат бизнис лидери, политичари, банкари, економисти и се разговара за економијата во Југоисточна Европа. Честа е уште поголема што можам да бидам еден од тројцата говорници што ќе го отворат Виенскиот економски форум, изјави вицепремиерот Николоски.
На Виенскиот економски форум, Николоски најавува дека ќе зборува за она што го работи Владата на Македонија во изминитатите една година и неколку месеци, како економските достигнувања и за плановите за развој во периодот што следи.
- Македонската економија постигнува завидни резултати, растот е најдобар во целиот региот и тоа е нешто што ќе го правиме во следниот период. Ќе ги презентирам добрите економски политики, фискалните политики, политиките во делот на инвестициите, на развојот, на инфраструктурата на градежништвото и сето она што ја движи македонската економија, а се надевам дека ќе имам бројни средби кои ќе донесат нови инвеститори во Македонија и нови пријатели на Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
