Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска престојува во еднодневна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на годишниот Самит на демократијата во Југоисточна Европа во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), насловен „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“.
Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на панел дискусијата на тема: „Променливата политичка и безбедносна динамика во Западен Балкан“, заедно со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич и
поранешниот амбасадор на САД во НАТО и екс-специјален претставник за Украина, Курт Волкер.
Како што соопшти СЕП, Маричиќ во рамки на Самитот ќе има билатерална средба со црногорскиот премиер Абазовиќ, на која тема на разговор ќе бидат политичките случувања на домашна и меѓународна сцена, напредокот во реформите и евроинтеграциите и унапредување на регионалната соработка во пресрет на одржување на Самитот на „Отворен Балкан“.
На овогодишниот Самит на демократијата во Југоисточна Европа на ИРИ учествуваат високи владини претставници од САД, Европа и регионот, како и аналитичари, отворено да разговараат за клучните теми кои се однесуваат на стабилноста на регионот, со фокус на последиците од војната на Русија против Украина на Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
