Вежба против несоница
Методот „4-7-8“, којшто се заснова на древноиндиските техники на дишење – е новото популарно „оружје“ против несоница. Имено, стручњаците ветуваат дека тоа ќе Ве заспие за само 60 секунди.
Истражувањата посочуваат дека бавното дишење, хигиената на спиењето и вежбите за опуштање може да бидат покорисни во лекувањето несоница, отколку некои вообичаени фармаколошки третмани. „Методот на дишење 4-7-8“ е развиен од д-р Ендрју Вејл, лекар во Центарот за интегративна медицина во Тусон, Аризона, САД. Вежбата се заснова на индиските „пранајама“ техники, пишува „Хелтлајн“ (Healthline).
Колку повеќе ја практикувате оваа вежба за медитација, се вели, толку поделотворна таа може да биде во напорите да се заспие полесно. Оваа практика опушта, но и го подобрува начинот на којшто човековото тело реагира на стрес.
Како се прави вежбата „4-7-8“?
Чекор бр. 1: Ставете го врвот на јазикот на непцето – напред и насредина, веднаш зад двата предни заби. Држете ја устата затворена. Стиснете ги и усните доколку е потребно тоа.
Чекор бр. 2: Со затворена уста, вдишете полека низ носот. Бројте до 4.
Чекор бр. 3: Го држите здивот 7 секунди. Ова е најважниот дел од вежбата.
Чекор бр. 4: Издишувате низ јазикот и забите (како со свиркање), во траење од 8 секунди.
Кога повторно вдишувате, почнува сосем нов круг. Тоа се повторува вкупно четири целосни круга, но ако Вие и Вашето тело чувствувате дека опуштањето доаѓа порано, просто – прекинете ја вежбата.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија