Вежба на баталјонот за противвоздушна одбрана на АРМ „Предизвик 2017“
Со воена церемонија денеска во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“, АРМ почна билатерална воена активност со вооружените сили (ВС) на Република Словенија под име „Предизвик 2017“, која ќе се реализира во следните неколку денови на Армискиот полигон (АП) „Криволак“.
Како што соопшти АРМ на оваа вежба, припадници на баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада на АРМ, заедно со припадници на единицата за ПВО од составот на вооружените сили на Република Словенија, ќе изведат повеќе активности со тренажни гаѓања и техничко боево гаѓање на цели во воздушниот простор, со лесен преносен ракетен систем ,,Игла-С“.
Вежбовната активност „Предизвик 2017“ е седма по ред од овој проект и претставува уште еден импулс кон понатамошното јакнење на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија.
На отворањето на вежбата, соопштија од АРМ, обраќања пред учесниците имаа заменик на командантот на воздухопловната бригада полковник Заим Шкријељ, командантот на контингентот на ВС на Република Словенија полковник Винченц Арко и командантот на бПВО потполковник Трајче Денчевски.
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани