Македонија
4. October 2016 - 9:02

Вежба на армиските Ренџери на Криволак

Припадниците на декларираната  ренџерска чета од Полкот за Специјални Операции на Армискиот полигон „Криволак“ се подготвуваат за НАТО оценувањето Ниво -2 , кое ќе се изврши во текот на оваа недела во рамки на вежбата „Македонски Блесок 12“ . 

Оценувањето ќе се врши од страна на овластени НАТО оценувачи според НАТО стандардите на оценување на борбената способност “CREVAL” .

За таа цел припадниците на АРМ во последните подготовки пред оценувањето ги покажуваат сите свои стекнати вештини и способности.