Македонија
13. January 2022 - 16:32

Вевчанскиот карневал ги пренесе проблемите од реалноста

Вевчани пулсира во знакот на хуморот и сатирата, сето тоа прикажано низ колоритните маски кои се дел од годинашното издание на познатиот Вевчански карневал. Покрај традиционалните зетот и невестата ,глупавиот август и ѓаволите, на отворениот театар без режија продефилираа и маските поврзани со пандемијата предизвикана од короната, се делеа ковид сертификати, се вееше европското знаме, енергетската криза, филмот Тома , Кастриот Реџепи, Никoла Груевски и други акуелните политичари од земјава.

Градоначалникот Кочовски потенцира дека маските немаат за цел никого да навредат, тие ја отсликуваат целата реалност што била во изминатата година, кај нас и во светот. Традицијата на Вевчанскиот карневал е стара колку и Вевчани.

На карневалот во Вевчани присуствуваа и дел од политичарите и амбасадори од земјава.

Вевчанскиот карневал според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.