Македонија
4. January 2016 - 19:41

Вевчани се подготвува за карневалот

Уличен театар без режија. Стартуваат подготовките за вевчанскиот карневал. Над 1000 василичари денеска ги договараат своите маски. Познати се само 6, зетот, невестата, глупи август и музичарите. Што ќе се случи на 13 никој не знае. Провакации се очекуваат  вели градоначалникот на Вевчани. Контрола врз маските нема никој.Секаква интервенција ќе значи поголем револт.

-Јас незнам и син ми во што ќе биде маскиран. Немаме никаква контрола над луѓе кои 40 часа се будни под дејство на алкохол, од нив не можете да дознаете ништо, изјави Цветомир Угринсовски

Оваа манифестација го привлекува вниманието и  љубопитноста ширум светот. Вевчанскиот  карневал е етаблирана туристичка атракција. На ВАсилица премиерата на една едиснтевна престава се очекува да ја погледнат над 20 000 посетители без вевчански пасош.

-Оваа година се очекува да доминираат маските од сето она што се слууваше изминатата година на политиклтака сцена, изјави Мишо Китановски.

Паганскиот вевчански карневал е традиција стара повеќе од 1500 години. И годинава фестивалот под  маски ќе биде збогатен со мучика програма и огномет за дочек на Старата нова година.