Вевчанци револтирани и разочарани по вчерашниот инцидент на карневалот
Вевчанци разочарани и засрамени од вчерашниот инцидент во кој дел од учесниците од карневалската поворка се судрија со полицијата. Вината ја насочуваат кон припадниците од специјалната единица ЕБР, но и од, во еден момент не почитувањето на дистанцата меѓу учесниците.
Градоначалникот Сашо Јанкоски забележа дека пренагласеното полициско присуство во селото предизвикало револт кај населението.
– Вината е 50 – 50. И ние, зборувам како вевчанец, не држевме дистанца, но од утрината беше пренагласена полицијата на што реагираа и луѓето. Оттука се јавуваше цело време тензија. Поворката се движеше со растојание се до центарот на Вевчани и немаше многу народ. Но, кога дојде до платото имаше собрано народ. Сите носеа маски, но немаше дистанца. До тој дел карневалот се одвиваше без проблеми и мирно. До тој момент полицијата одеше низ народот и ги предупредуваше да држат дистанца, но кога дојде до инцидентот не забележав. Отпосле го видов, изјави Јанкоски.
Изрази разочараност што, како што рече, успеале да го упропастат свечениот ден за Вевчани, но и упати апел, Свети Василиј да не се користи за политички препукувања.
– Се гледаше во воздухот дека и политички некој сака да го искористи овој момент. Апелирам дека Свети Василиј е останато нешто чисто и невино тука во Вевчани и така треба да го оставиме за нашите поколенија. Нека го остават политичките партии како таков, затоа што има мегдан каде да си ги испробаат силите, а тоа не е карневалот со вековна традиција, нагласи Јанкоски.
И вевчанецот Сашо Бетоски посочи дека револтот кај населението се кренал поради големиот број полициски службеници, кои според него, од утрината доследно си ја вршеле задачата, се до моментот кога излегла специјалната единица ЕБР.
– Револтот што се направи е пред се поради големиот број полициски службеници. Тие си ја вршеа работата се до моментот додека не заврши дефилето. Дефилето беше завршено, кога настана инцидентот. Многу ми е жал што се испадна вака, ги почитувавме мерките сите имавме по една или по две маски. Полициските службеници не опоменуваа, држевме дистанца, но зошто настана тоа горе не знам. Постојано бевме во разговор со полициските службеници. Како постари василичари ги опоменувавме помладите ја држевме ситуацијата да личи на карневал, вели Бетоски, нагласувајќи дека се било во ред додека не настапиле специјалците на ЕБР.
Според него, вчерашните случувања во Вевчани испратиле многу лоша слика за вевчанци.
– Не заслуживме како вевчанци, како Македонци да испратиме таква слика. Огромниот број полициска сила што беше донесена во Вевчани беше многу лоша слика. Кога како василичар поминував низ полициските комбиња се осеќав како да сум во Бејрут. Верувам дека ќе надвладее разумот, додаде Бетоски.
Во Вевчани и денеска е присутна полицијата, каде треба да се изврши завршниот ритуал од годинашниот карневал во кој василичарите ги палат маските, со што го завршуваат чинот на бркање на лошото.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пензиите ги намалија за 2800 денари, па сега лажат дека ги зголемиле за 130 денари
-
Ново рочиште за „Монструм“, странките ќе даваат завршни зборови
-
СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот
-
Ерменија соопшти за 3.400 смртни случаи во војната во Нагорно Карабах
-
Старата добра вакцина пристигна во соседството - Јас уште вчера би ѕвонел во Пекинг и Москва, вели д-р Беќаровски
-
Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на Ковид-19
-
Хеликоптер се урна во Њујорк: Загинаа тројца американски војници
-
Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот