Ветрови со брзина и до 250 километри на час - Циклонот Деби предизика хаос во Австралија

Циклонот од четврта категорија Деби, движејќи се бавно, предизвика хаос во крајбрежниот регион на североисточниот дел на Австралија, јави ДПА.
Деби се појави на Големиот корален гребен по што се упати кон југозапад стигнувајќи на континенталниот дел на Асвтралија во реонот меѓу градовите Просерпајн и Боуен, каде нејзината моќност се се намали во бурата од трета категорија.
Во погодените подрачја забележани се налети на ветрови со брзина и до 250 километри на час и обилни дождови.
На социјалните мрежи беа објавени голем број видеа од материјалните штети што ги предизвика циклонот. Се забележуваат уништени покриви, скршени прозорци и искорнати дрва.
Засега нема податоци за жртви.
Поради бавното движење циклонот предизвика голем хаос.
Властите во австралиската сојузна држава Квинсленд ги предупредија жителите да бидат подготвени за сериозни материјални штети, повредени лица, па дури и загинати.
При невремето над 48 илјади домови останати без електрична енергија.
Заменик-комесарот на австралиската полиција Стефан Голшевски изјави дека извештајите за штетите се уште пристигнуваат.
Ново на Сител
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
