Ветераните во ВМРО-ДПМНЕ бараат итно формирање унија на ветарани
Обраќање до јавноста од – Ветерани-основачи на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат респектибилна улога, свое големо учество во организациско-формациската поставеност на Партијата низ Македонија во раните деведесетти години на минатиот век и кои со свое име и презиме стојат зад ова барање до претседателот и раководството на Партијата за ИТНО ФОРМИРАЊЕ НА УНИЈАТА НА
ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ, покрај веќе постоечките Унии на млади сили и на жени.
Преку ова кратко и многу прецизно обраќање до јавноста, до членовите, симпатизерите и поддржувачите на партијата, до сите нејзини ВЕТЕРАНИ во државата, сакаме да Ве потсетиме на следните несоборливи и многу значајни факти.
Нашата заложба за конечно формирање на УНИЈАТА НА ВЕТЕРАНИ СО ДАДЕН
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ЛЕГИТИМИТЕТ преку СТАТУТОТ на Партијата како највисок нејзин правен акт датира уште од поодамна и едно време постоеше тн. Совет на ветерани кој и не беше вистински до крај дефиниран со своја реална улога и учество во работата на партиските органи. Со доаѓањето на новиот претседател на Партијата-проф.Христијан Мицковски се интензивираа нашите меѓусебни контакти за да најпосле се успее и преку соодветна форма-објавен јавен оглас во весник за избор на претседател на Унија на ветерани пред скоро една година (мај 2018) и
ставање во Статутот на Партијата покрај веќе постоечките две унии да се формира статутарно со полн институционален легитимитет оваа МНОГУ РЕСПЕКТИБИЛНА УНИЈА на ВЕТЕРАНИ која со своите членови, фамилии, симпатизери, пријатели и поддржувачи сигурно како бројка-збирно вреди прилично повеќе од тн. партии од коалицијата Заедно за Македонија. Немојте да се сомневате во тоа….а замислете каков третман тие имаат кај раководството на Партијата.
Со оглед на дадените,а не реализирани ветувања во веќе изминатите 15-ет месеци(од декември 2017 год.) од страна на претседателот, ја користиме оваа можност преку јавните медиуми да укажеме на овој факт ДЕКА ВЕТЕРАНИТЕ СЕ СТОЛБОТ, ТЕМЕЛОТ на ПАРТИЈАТА и нивното значење не смее да се маргинализира, да се потценува, бидејќи ТИЕ УЧЕСТВУВАА ВО ВИСТИНСКОТО ЕТАБЛИРАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена во Македонија во
раните деведесетти години и ова раководство на Партијата многу добро го знае сето ова што сега го кажуваме пред јавноста со полн ентузијазам и верба за успешно решавање.
На неколку дена пред званичниот почеток на кампањата за избор на претседател на државата, ја користиме оваа можност да кажеме дека го поддржуваме нашиот кандидат за претседател-проф. Гордана Сиљановска-Давкова. БРЗОТО ИНСТИТУЦИОНАЛНО И СТАТУТАРНО ФОРМИРАЊЕ на УНИЈАТА на ВЕТЕРАНИ на ПАРТИЈАТА ќе даде силен поттик голем дополнителен ангажман кај ветераните за нивно што поактивно учество во кампањата со едне единствена цел-победа на нашиот кандидат за нов претседател на државата.
Скопје , 27-03-2019 год… ПОТПИСНИЦИ НА БАРАЊЕТО СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ СЕ –
1.Милан Талевски -првиот повеќепартиски претседател на Собранието на Скопје (1991-1993)
2.Златко Милошевски-првиот повеќепартиски претседател на општина Битола (1991-1995)
3.Илија Димоски-Шаторо – првиот повеќепартиски претседател на Прилеп (1991-1995)
4.проф.др. Борче Сибиновски-екс републички пратеник (1998-2002) и член на извршниот одбор на првото повеќепартиско собрание во Тетово (1991-1996)
5.др.Коте Тасевски-еден од првите ветерани од Струмица
6.Гоце Стојановски- еден од првите ветерани од Крива Паланка
7.Слободан Златанов-еден од првите ветерани од Скопје-Центар
и многу други ВЕТЕРАНИ кои знаат за ова барање за кои ќе треба многу страници да има….
Ветерани-основачи на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка