Loading Video...
Ракомет
15. August 2022 - 18:04

Веспрем прв учесник на фајнал-форот во СЕХА лигата

Екипата на Веспрем е првиот тим што обезбеди пласман на завршниот фајна-фор турнир во СЕХА лигата што ќе се одржува во Задар. 
 
Унгарскиот тим во првиот меч од четвртфиналната рунда славеа победа на гости во Словачка кај Татран Прешов убедливо со 35-25. 
 
Веспрем за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест закажан за 25 август. 
 
Два дена претходно (23 август), нашиот шампион Вардар ќе го одигра својот четвртфинален меч против хрватскиот Нексе од Нашице, а победникот од тој натпревар во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Војводина – ППД Загреб, закажан за во среда (17 август)
 
Инаку вардарци за споменатиот меч веќе ги пуштија во продажба влезниците и тоа по симболична цена од 100 денари.