-->
-->
Веспрем победи во Загреб
-->

Бугарскиот прволигаш Литекс Ловеч е исфрлен од Првата лига откако неговите играчи во знак на протест, против судиска одлука, во саботата во 44.минута на мечот со Левски, го напуштија теренот, објави Фудбалскиот сојуз на Бугарија.
Претседателот на клубот Трифун Попов, кој на фудбалерите им наредил да го напуштат теренот, моа да плати парична казна од 15.000 лева (7.500 евра), а покрај тоа и клубот е казнет со 20.000 лева (10.000 евра), изјавил претседателот на дисциплинската комисија Ури Кочев.
Литекс кој пре мечот со Левски се наоѓал на четвртото место на табелата има една недела да ја обжали одлуката на Дисциплинската комисија.
На саботниот натпревар главниот судија најпрвин во 15.минута го исклучил напаѓачот на Литекс, Бјорн Јонсен бидејчи без топка удрил противнички играч, а потоа во 44.минута црвен картон добил уште еден играч на Литекс и бил досуден пенал за Левски.
Претседателот Попов тогаш им наредил на играчите да се повлечат од теренот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
-

Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
-

Продолжува судењето за „Пулс“ со сослушување сведоци
