Весникот „Илинден“ го одбележува петтиот роденден

Единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“ што го издава истоименото друштво одбележува пет години од печатењето на првиот број.
Светлото на денот, првото издание, го виде на осми февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора ширум светот.
- Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта до нашата редакција, како и од другите преписки со читателите, евидентно е дека весникот „Илинден“ прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите е интересен и е од полза за македонското малцинство во Република Албанија. Но, исто така и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население вон границите на својата држава, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.
Според него, во дел од дописите се истакнува и дека читателите искажуваат особена почит кон редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор.
- Во нив исто така се оценува дека нашата мисија да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваме. Исто така, ни искажуваат голема подршка и надеж дека нашата активност целосно ќе биде поддржана од државните институции како на Република Албанија, така и на нашата матична земја, Република Македонија, додава Ѓурѓај.
По повод петгодишниот јубилеј, од име на редакацијата, Ѓурѓај се заблагодарува на сите соработници, читателската публика, која, како што истакнува, со искажаниот интерес кон содржините покажа дека ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
