Верушевски: Груевски, Грујовски и Бошковски поседуваат многу пообемна документација од онаа што Заев ја предаде во СЈО
Поранешниот шеф на УБК Зоран Верушевски при денешното вкрстеното испрашување за случајот „Таргет – Тврдина“ наведе дека бегалците Никола Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошковски несомнено поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ Зоран Заев ја предаде во Специјалното јавно обвинителство.
-Оваа документација што ја поседува СЈО е минорна во однос на тоа што го поседуваат овие три лица. Само еден Господ знае што се друго поседуваат. Поседуваат и друга документација која не е предмет на ова обвинение, рече Верушевски.
Тој индиректно го обвини СЈО што Груевски, Грујовски и Бошковски не се присутни во државата, како и на ова судење, потенцирајќи дека, според него, тие тројца се главни „виновници“.
-Базичната документација, нејзиниот обем, нејзината целосна структура се наоѓа во рацете на луѓето кои се во Грција и во Унгарија, додаде Верушевски.
Ексразузнавачот потенцираше дека мандатот на СЈО од тоа време до денес е со цел да се урне митот дека таа документација е сечена и лепена.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп