Македонија
16. July 2015 - 16:55

Верушевски доби 3 години затвор - Реши да не го признава судот

Три години затвор поради црвената застава. Верушевски ја доби судската пресуда за кривично дело за нелегално поседување на оружје. Поранешниот директор на УБК не го раздолжил службениот пиштол по заминување од функцијата. При претресот во јануари оружјето беше пронајдено и одземено од  станот во Аеродром каде што живее. Судијката напомена дека казната за ова кривично дело е од 3 до 10 години.

Дополнително ќе биде одлучено дали Верушевски ќе ја добие назад футролата од пиштолот која ја побара на претходното рочиште. По правосилноста на пресудата оружјето ќе биде вратено во арсеналот на МВР. Верушевски откако ја слушна пресудата рече дека ова не е правда туку потврда за патологија. Судијката го прекина за да не прави драма па неговиот адвокат подели писмена изјава. Во неа Верушевски вели дека и тој како Зоран Заев не го признава овој суд.

Екс директорот на УБК беше уапсен на 23 јануари. Во притвор ќе остане се до правосилноста на пресудата. Верушевски е првообвинет во случајот „Пуч“. Првото рочиште ќе се одржи на 5ти август. Во овој случај тој , Заев и уште 4 лица се  товарат  за неовластеното прислушкување, шпионажа и државен удар.