Македонија
23. September 2019 - 16:16

Верушевски: „Бомбите“ доживеаја страотни модификации и компромитирања по моето приведување

Бомбите доживеаја страотна модификација и компромитација по моето лишување од слобода, тврдеше екс разузнавачот Зоран Верушевски на деншното рочиште во предметот Таргет Тврдина каде беше повикан како сведок на обвинителството.

„– Факт е дека таа документација дожева стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, истакна Верушевски предизикувајќи изненадување во судницата на Кривичниот суд.

По рочиштето Верушевски ги избегна камерите, па остана отворена дилемата дали оваа модификација на бомбите подразбира нивно сечење и монтирање и како тоа ќе се одрази врз останатите предмети во кои СЈО како докази ги користи токму овие снимки.

Пред неколку месеци и Ел Чека на социјалните мрежи постави една бомба која значително се разликуваше од она што Премиерот Заев го објави на прес конференцијата во времето кога јавно ги пушташе незаконските снимки. Разговорот меѓу Груевски и Јанкуловска кој го објави Заев беше значително скратен и со тоа доби поинаков контекст во врска со истрагата за убиството на Мартин Нешкоски.

Покрај ова тврдење, Верушевски денеска пред судот ја негираше и својата поврзаност со преземањето на бомбите. Екс директорот на УБК, рече дека бомбите не му биле давани нему туку на СДСМ, а тој бил задолжен за нивната обработка.

„До моето лишување од слобода, таа обврска во целост ја исполнив и сите информации кои доаѓаа до партијата го имаа истиот третман. По моето лишување од слобода документите се надвор од мојата одговорност“, изјави Верушевски признавајќи дека бомбите биле модифицирани.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ меѓу другите обвинети се екс министерката Јанкуловска, и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. СЈО ги товари дека за незаконско прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година.