Верстапен изненаден од агресивниот дизајн на РБ20
Светскиот шампион Макс Верстапен е изненаден од агресивниот пристап на инженерите на Ред Бул при креирањето на РБ20, кој вклучува неколку интересни дизајнерски одлуки.
Најимпресивниот дел од автомобилот што беше претставен вчера се страничните воздушни кутии и особено нивниот преден дел. Таму, наместо традиционалниот хоризонтален отвор, РБ20 има вертикален, што потсетува на отворот што го користеше Мерцедес со концептот без странични кутии.
Ако овој дизајн функционира како што се очекува, ќе му даде на Ред Бул огромна предност бидејќи протокот на воздух до задниот дел на автомобилот ќе биде многу почист.
- Среќен сум од избраната насока. Ги видов плановите во Абу Даби, последната трка од минатата година, и се изненадив колку се големи разликите. Дизајнерите дефинитивно не беа конзервативни, да се изразиме така. Она што ми се допаѓа во тимот е што имавме многу добар пакет и тие ризикуваат да го направат уште подобар. Се разбира, само времето ќе покаже дали оваа одлука е добра, но она што го гледам во тимот е дека сите се задоволни од сработеното во текот на зимата, изјави Верстапен.
Ред Бул веќе го тестираше РБ20, а следното излегување на болидот ќе биде за време на претсезонскиот тест во Бахреин следната недела. Тестовите на „Сахир“ ќе започнат во среда и ќе продолжат до петок. Секој ден ќе вклучува вкупно осум часа за тимовите да тестираат на патеката.
Ново на Сител
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
-

Во Германија мнозинството се под кирија, во Македонија 93 отсто од домаќинствата имаат сопствен дом
-

Мицкоски: Економијата расте, дизелот е поевтин од многу поразвиени земји, а БДП ќе надмине 21 милијарда долари
-

20-годишник ја вознемирувал малолетната девојка, таткото пријавил дека имал и полов однос со неа
-

Претседателските избори во Србија закажани за 27 декември
-

45-годишен возач со „ауди“ прегази 15-годишна девојка во Скопје
-

Андоновски: Потребен е национален дата-центар, не смееме да зависиме од сервери во 40 објекти
