Бизнис
20. December 2017 - 19:41

Верополус Џамбо го отвори 4 маркет во Македонија

Со спектакуларна забава за најмладите и со божиќна забава за целото семејство, Веро го означи почетокот со работа на Џамбо маркетот во Битола.

Со најновата инвестиција вредна околу еден милион евра, компанијата продолжува да ја поддржува домашната економија преку соработката со локални добавувачи и партнери, како и со отворање нови работни места за локалното население.

Во новиот маркет во Битола вработени се нови 36 лица, со што вкупната бројка на вработени во „Веропулос“ во земјава достигна 1.050 лица.

Менаџментот на „Веропулос“ најавува интензивната ескпанзија во земјава и во 2018 година. Планирано е отворање на нов Веро маркет во скопската општина Карпош, како и големo реновирање и проширување на Веро маркетот во скопската населба Тафталиџе.