Верниците масовно ги напуштаат двете христијански цркви во Германија

Хина
Загрижувачки тренд
Секретарот на конференцијата Ханс Лангердоерфер овој тренд го нарече „загрижувачки“, и како главна причина го наведе објавувањето на минатогодишното големо истражување за злоупотребувањата на малолетниците внатре во црквата.
– Многумина не ни веруваат дека консеквентно и одлучно дејствуваме против сторителите во сопствените редови, рече Лангердоерфер за германската агенција ДПА.

Претседателот на Советот на Протестантската црква, Хеинрих Бедфорд-Штром, објасни дека секое излегување од црквата е „болно“, но дека денес верниците се целосно слободни да можат да одлучат дали сакаат да останат членови на црковната заедница или не.
– Ние сме им благодарни на сите кои со силата на сопствената волја одлучиле да останат во рамки на црквата, рече Бедфорд-Штром.
Црковниот данок како причина за заминувањето
Познатиот криминолог и активен член на Протестантската црква, Кристијан Фајфер, смета дека и црковниот данок во Германија е една од причините за напуштањето.
– За разлика од САД, црквата во Германија може да се потпре на сигурните приходи од данокот што може да ја направи потромава, рече Фајфер.
И покрај падот на бројот на верници, заради трендот на зголемување на платите и поволната економска ситуација приходите од црковниот данок не се намалени.
Во Германија припадниците на една од двете црковни заедници плаќаат таканаречен црковен данок што изнесува од осум до девет отсто од данокот на приход.
Католичката црква во моментов има 23, а Протестантската 21 милион верници низ цела Германија.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
