Македонија
28. August 2020 - 16:49

Верниците го чествуваат празникот Успение на Пресвета Богородица

Православните верници го чествуваат празникот Успение на Пресвета Богородица познат како Голема Богородица, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.

Уште во раните утрински часови верниците ги посетуваа верските храмови молејќи се за лична и семејна среќа и радост, но годинава за прв пат под посебни мерки поради ситуацијата со коронавирусот.

Во Скопје чествувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица со свечени литургии се одбележа во црквата Рождество на Пресвета богородица во центарот на градот и во Црквата „Св. Богородица“ во кањонот Матка. Поглаварот на Македонската православна црква –Охридска Архиепископија Господин Господин Стефан пред големиот број верници кои дојдоа да и се поклонат на мајката Божја, испрати порака дека ова е еден од најпразнуваните празници после господските празници оти во себе ја обединува тагата, радоста и надежта.

На празникот му претходи 14 дневен пост, а по свечените литургии се одржа чинот на причест.