-->
-->
Вентура останува на кормилото на „аѕурите“
-->

Фудбалскиот сојуз на Италија го продолжи договорот со селекторот Џампјеро Вентура до 2020 година.
Вентура ја презеде селекторската функција минатото лето по завршувањето на Европското првенство од Антонио Конте. Првиот договор што го потпиша имаше важност до завршувањето на мундијалот во Русија.
Италија под палката на Вентура победи на седум од десетте натпревари, два одигра нерешено, а загуби само од Франција.
Вентура (69) пред да ја преземе репрезентацијата пет години беше тренер на Торино.
Италија на четири кола до крајот на квалификациите за СП во Русија, во групата во која е и Македонија, има 16 бода и го дели првото место со Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
