Фудбал
24. February 2016 - 11:36

Венгер: Ние бевме блиску, но тие се подобри од нас и тоа не е срамота

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер беше разочаран по поразот од Барселона во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.
 
- Дали Барселона го има најдобриот тим во Европа? Тоа е тешко да се одрече. Јас мислам дека е така. Ние бевме блиску, но тие се подобри од нас и тоа не е срамота. Не се случајно европски шампиони, изјави Венгер.
 
Тој е свесен дека пред неговите избраници, на реваншот претстои исклучително тешка задача да ја надополнат негативата од два гола.
 
- Реално ќе биде многу тешко, но не и невозможно. И на овој меч имавме шанси, ама не ги искористивме. Во некои моменти бевме и наивни. На гости ќе ни биде уште потешко. Сепак одиме да се обидеме да направиме изненадување, додаде Венгер.
 
Барселона предводена од двојниот стрелец Лионел Меси синоќа во Лондон го победи Арсенал со 2:0. Реваншот е на 16 март.