-->
-->
Венгер месец дена на трибини
-->
Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер доби суспензија на четири натпревари поради инцидентот кој го предизвика на мечот со Барнли, одлучи Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
ФА го суспендира францускиот тренер поради „недолично однесување“, бидејќи во финишот на мечот со Барнли, кога судијата Џонатан Мос досуди пенал за гостите, тој најпрвин влезе во расправија со четвртиот судија, а откако беше исклучен и застана на влезот во тунел, доби предупредување да го напушти тоа место тој го оттурна четвртиот судија Ентони Тејлот.
Венгер нема да може да го води својот тим на натпреварите со Саутемптон во ФА купот, односно против Вотфорд, Челзи и Хал во Премиерлигата.
Покрај суспензијата Венгер заработи и парична казна од 25.000 фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
