Венгер го одбил Фулам?!

Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер, ја одбил понудата да седне на клупата на последнопласираниот тим во Премеир лигата, Фулам. Челниците на клубот од „Крејвен котиџ“ вчера му врачија отказ на Славиша Јокановиќ и на неговото место го ангажираа Клаудио Раниери.
Фулам, по 12 одиграни натпревари, има само пет бода, со кои е закован за дното на табелата. Овој тим ја има најлошата одбрана во лигата со 31 примен гол.
„Мирор“ во четвртокот објави дека прв пик за наследник на Јокановиќ бил Арсен Венгер, меѓутоа популарниот „професор“ ја одбил понудата. Дури тогаш сопственикот на Фулам, Шахид Кан, стапил во контакт со Италијанецот Раниери, кој во 2016 година со Лестер ја освои Премиер лигата.
Венгер 22 години (1996-2018) го предводеше Арсенал, а клубот го напушти во јуни оваа година.
Пред неколку недели тој најави дека од јануари ќе работи во нов клуб, а медиумите шпекулираат дека за неговите услуги сериозно се заинтересирани Баерн Минхен и Милан.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас
-

Средба Муцунски - Фидан, фокус на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности
-

Мачката се чувствува најсигурно каде што седел нејзиниот сопственик
-

Поради очилата на Емануел Макрон падна серверот на веб-страницата на францускиот луксузен бренд
-

Борбата против сивата економија се интензивира, вели Димитриеска-Кочоска
-

Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро
-

Фон дер Лајен: Близу сме до договор со САД за заедничка рамка за просперитет на Украина
-

Москва го потврди учеството во преговорите за Украина во Абу Даби
