Свет
8. September 2015 - 10:25

Венецуела подготвена да прифати 20.000 сириски бегалци

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека неговата земја е подготвена да прифати 20.000 Сиријци кои избегале од војната во татковината, пренесува БТА.

На седница на Владата, пренесувана на телевизија, претседателот социјалист повторно истакна дека го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, со кого во последните години одржува тесни врски.

Мадуро изјави дека и наложил на министерката за надворешни работи Дарси Родригез да се сретне со претставници на најголемата сириската заедница во Венецуела за да разговара за прифаќање на сириски бегалци.

Во Латинска Америка, Бразил, Аргентина и Уругвај веќе имаат програми за прифаќање на сириски бегалци, а Чиле соопшти дека ја разгледува можноста за донесување на ваква одлука.