„Велт ам зонтаг“: Турција прифаќа визна либерализација до крајот на годината, место во октомври
Турција е подготвена да прифати визната либерализација за нејзините државјани за патувања во ЕУ да се реализира до крајот на годината место до октомври, како што беше нејзината првична цел, соопшти германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на турски владини извори.
Анкара се закани со откажување од спогодбата со ЕУ за мигрантите, доколку во октомври не добие олеснувања за патувањата на нејзините државјани во ЕУ, но турскиот министер за ЕУ, Јомер Челик, ја самитот на ЕУ ја релативизирал оваа закана.
„Велт ам Зонтаг“ цитира високи турски претставници, запознаени со преговорите со ЕУ, кои кажуваат дека Анкара веќе гледа благонаклоно на забавувањето на процесот до ноември или декември. Тие, меѓутоа, инсистирале на ставот дека Турција ќе ги исполни своите закани доколку не го добие визното олеснување до крајот на годината.
Весникот, исто така, тврди дека двете страни ги надминале своите разлики за примената на турското антитерористичко законодавство, кое ЕУ го постави како услов за безвизните патувања.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух