-->
-->
Велковски: Шпанија е предизвик за секој играч
-->
Нашите најдобри фудбалери денеска по дождливото време го одржаа и вториот тренинг во центарот „Петар Милошевски“. На мала повреда се пожали капитенот Горан Пандев но последниот рапорт е дека ќе биде подготвен за дуелот во Гранада. Тон даваат фудбалерите кои играа успешно во младата селекција.
Дарко Велковски вели дека Шпанија е можеби најкомплетната репрезентација на светот, но наше е да играме фудбал и да бидеме вистински на теренот.
-Мораме да размислуваме за себе, да бидеме вистински тим на теренот и повторно да докажеме дека можеме да се носиме со најдобрите како што тоа го правеше екипата против Италија. Тие се можеби најкомплетната репрезентација во светот, за сите е тешко кога играат против нив, но битно за нас е што покажуваме страст кон работата и што владее одлична атмосфера. Ќе се бориме. Кај нас помладите во репрезентацијата се чувствува позитивна нервоза, но добро работиме на подготовките, физички и ментално сме спремни, изјави Дарко Велковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?