Вељановски се сретна со новата швајцарска амбасадорка Техада
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска оствари прва средба со новиот амбасадор на Швајцарска Конфедерација во Република Македонија, Сибил Зутер Техада.
Вељановски и посакал добредојде и успешна работа на амбасадорката Техада за време на нејзиниот мандат во Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на Вељановски, за време на средбата соговорниците разговарале за швајцарската поддршка кон Собранието преку проектот „Поддршка за основање и развој на Парламентарниот институт", чие што функционирање придонесува во развивањето на парламентарните капацитети.
Вељановски ја истакнал досегашната успешна соработка со Швајцарската амбасада и притоа искажал подготвеност за продолжување на соработката преку други проекти кои се од интерес за развој на парламентарното работење на Собранието.
Новиот амбасадор, како што се наведува во соопштението, се заблагодарил за приемот и искажал отвореност за продлабочување на соработката со Собранието.
Ново на Сител
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки