Вељановски ги распиша изборите за 5 јуни

Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски денеска потпиша Решение за распишување предвремени парламентарни избори.
-Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот на Собранието.
-Верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
