Вељаноски упати честитка по повод Велигден

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка по повод празникот Велигден до архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија, како и до сите православни верници на Македонската православна црква во земјата и во странство.
- Овој прекрасен ден ја носи најголемата радост кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда и ни подари вечен живот. Велигден е празник каде го славиме животот кој треба да ни е насочен кон создавање добри дела. Преку солидарноста и почитувањето еден на друг ги спроведуваме христијанските вредности кои се темел за нашиот напредок во животот. Светлината на воскресението незапирливо продира насекаде околу нас и ни ја дава потребната сила да сме истрајни и да се бориме со злото кое постојано не опкружува. Во нашето модерно време на живеење мораме да бидеме посветени на семејството како основна клетка на нашето општествено живеење, да бидеме сите сплотени и обединети како христијани кои ги почитуваат највисоките морални вредности, наведува во честитката.
Во неа додава дека овој најголем Христијански празник е вистинска можност да ги потврдиме заложбите на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија во зачувување на духовното и културното наследство и идентитетот на македонскиот народ.- Тоа, стои во честитката, ќе го исполниме ако сме цврсто обединети и истрајни во нашата заедничка цел, а тоа е нашата држава Република Македонија.
Во честитката на посакувам овие свети денови да поминат во духовен мир, исполнети со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом.
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
