Вељаноски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Словенија во Македонија, Јазбец
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.
Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил задоволство од досегашната соработка со амбасадата на Република Словенија која се надева дека ќе продолжи и во иднина.
Тој изразил благодарност за принципиелната поддршка која Македонија ја добива од Словенија во однос на евроатланската интеграција на земјата.
Вељаноски го информирал амбасадорот Јазбец за неодамнешната средба со претседателот на Националното собрание на Словенија, Милан Брглеж, која се оствари во рамки на Пленарната сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во јуни оваа година, на која Вељаноски упатил покана до претседателот Брглеж да ја посети Република Македонија.
Со цел продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, амбасадорот Јазбец истакнал дека претседателот на Националното собрание на Словенија планира посета по завршување на предвремените парламентарни избори во Македонија.
Амбасадорот Јазбец изразил подготвеност да ја продолжи успешната работа на претходните амбасадори на Словенија во Македонија и истакнал дека има многу идеи за идни проекти во повеќе области од заеднички интерес. Тој посочил дека Словенија и Македонија се пријателски земји и затоа треба да се размислува за можни начини на идна соработка.
На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат Република Македонија и Република Словенија, но и Европа во целина, во однос на справувањето со мигрантската криза. Исто така, станало збор и за актуелните политички случувања во двете земји.
На крајот на средбата, претседателот Вељаноски на амбасадорот Јазбец му посакал успешен мандат и желба да понесе одлични впечатоци од Република Македонија.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден