Вељаноски се сретна со амбасадорот Хајндл
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска го прими личниот претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, амбасадорот Јоханес Хајндл.
Како што соопшти собраниската прес-служба, соговорниците размениле мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата.
Вељаноски и Хајндл, како што стои во соопштението, се согласиле дека сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните. Исто така била нагласена и потребата за итно превземање на решителни чекори за реализирање на забелешките во Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатланските интеграции.
- Двајцата соговорници се согласни дека Парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите, клучно место во насока на исполнување на реформскиот процес за остварување на примарната цел, членството во Европската унија и НАТО Алијансата, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана
-
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик
-
Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП