-->
-->
Велика Британија од 15 јуни ги отвора верските објекти и продавниците во моловите
-->

Верските објекти во Велика Британија ќе ги отворат своите врати за верниците на 15 јуни, како дел од олеснетите рестриктивни мерки што беа воведени за борба против коронавирусот, но со некои ограничувања на досега познатата пракса.
За истиот датум е најавено и отворањето на некои продавници, како што се тие во трговските центри.
Во верските објекти ќе бидат дозволени индивидуални молитви, со почитување на мерките за социјална дистанца, додека свадбите и другите верски служби и натаму ќе бидат забранети.
Според планот на владата за олеснување на рестриктивните мерки, верските објекти нема да продолжат со нормалното работење пред 4 јули, а можеби и подоцна, пренесува „Евроњуз“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
-

Преглед на вестите од светот
