Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади
Владата на Велика Британија соопшти дека на Украина ќе и биде испорачана нова помош во форма на 650 лесни повеќенаменски проектили во вредност од 162 милиони фунти (192 милиони евра) за да и помогне да се заштити од руските дронови и бомбардирања.
Русија минатата недела го започна својот најголем воздушен напад на Украина од почетокот на војната во 2022 година.
Украина повторно побара дополнителна поддршка за противвоздушна одбрана за да се одбрани од нападите со ракети и беспилотни летала.
Новата испорака на проектили е најавена додека британскиот министер за одбрана Џон Хили присуствува на состанокот на Контакт група за одбрана на Украина, коалиција од околу 50 земји, во американската воздухопловна база во Германија.
Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека, согласно обврската на новата влада да ја забрза доставата на помош за Украина, првата серија од овие проектили ќе пристигне до крајот на годината.
– Оваа нова обврска ќе даде значителен поттик на украинската противвоздушна одбрана – изјави Хили.
Министерството за одбрана соопшти дека проектилите, произведени од компанијата Thales, имаат дострел поголем од шест километри и можат да се испалуваат од различни платформи на копно, море и воздух.
Минатиот понеделник, Русија истрела повеќе од 200 ракети и беспилотни летала врз Украина, убивајќи седум лица и погодувајќи енергетски објекти низ целата земја, во она што Киев го нарече „најмасовниот“ напад во војната.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата