-->
-->
„Велигденско јајце 2017“ во Велес
-->
Велигденски јајца, корпи и други рачно изработени велигденски украси и велигденски реквизити се продаваа денеска на 13. традиционална манифестација „Велигденско јајце 2017“ во Велес.
Манифестацијата се одржа во Младинскиот парк каде беа поставени уредените велигденски штандови. Ја организира Општина Велес во соработка со градинката „Димче Мирчев“, основните и средните училишта од градот. Собраните средства учениците и здруженијата ќе ги искористат за свои потреби.
Како што велат од Општината, целта на „Велигденско јајце 2017“ е учениците да ја искажат својата умешност и креативност и на најубав начин да го одбележат доаѓањето на големиот христијански празник Велигден, продолжувајќи ги древните традиции на рачно украсување на велигденските јајца.
Кон манифестацијата годинава се приклучија вработените и учениците од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан од село Иванковци, од Ученичкиот средношколски дом „Лазар Лазаревски“, ПОУ „Маца Овчарова“, волонтерите на Црвен крст Велес, ЗК „Креација“ и Активот на жени пензионерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега