Македонија
15. April 2017 - 16:45

Велигденските празници го наполнија и Дојран

Дојран е полн со туристи. Продолжениот велигденски викенд го наполни градот до последното место. Полни се и угостителските објекти, но и  викенд куќите . За разлика од претходните години кога во најголем дел празниците  во овој туристички центар ги поминуваа претежно домашни туристи годинава  Велигден во Дојран ќе го пречекаат и голем број гости од соседна Србија и Грција.

,, Во Дојран во моментов престојуваат некаде над 10 000 туристи. Според информациите кои што ги имаме од туристичкото биро сите капацитети за издавање се полни во Дојран, така да очекуваме една навистина голема бројка која веќе ќе ја надмине и минатиогодишната бројка на посетеност. Во моментов сите локали во Дојран работат  не само оние локали кои се наоѓаат на самото крајбрежје на Дојранското езеро, а цените остануваат непроменети.,, вели Перо Митановски – општина Дојран

 Покрај викенд туристите  кои веќе пристигнаа во Дојран,  од туристичкото биро очекуваат во следните два дена да биде голем и бројот на гостите кои доаѓаат на еднодневен престој во градот . Годинава покрај прошетките по рекреативната патека долж крајбрежјето која  после изградбата стана едно од најатрактивните места за посета,  туристите најголем интерес покажуваат за посета на црквата Свети Илија,  значајно културно наследство од 19  - ти век која пред неколку месеци беше целосно конзервирана и обновена.