Велигденски концерт на ансамблот „Танец“
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го одржи традиционалениот Велигденски концерт.
Овој месец велигденски концерти „Танец“ ќе има и во Битола (21 април) и Велес (28 април), а по повод големиот христијански празник концерти ќе одржи и во мај во уште пет градови низ Македонија – Тетово, Гостивар, Ресен, Кочани и Пехчево.
Неодамна ансамблот издаде две нови аудио-изданија, петто и шесто, од едицијата „Незаборав“, која почна во 2011 година со поддршка на Министерството за култура.
Двете нови изданија содржат 28 македонски изворни народни песни и десет традиционални ора. Со нив вкупниот број на објавени композиции достигна 114, од кои 85 се вокални изведби, а 29 инструментални композиции, снимени на лонг-плеј плочи во 50-тите и 60-тите години на минатиот век и објавени од повеќе издавачки куќи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа