Велигденска честитка на Ахмети: Суштината на воскресението се надежта и верата
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска им го честита на сите православни верници празникот Велигден.
По овој повод, Ахмети на сите верници им посака здравје, бериќет и радост, посакувајќи им благослови во семејствата на овој празник на воскресението.
Претседателот на ДУИ исто така во оваа прилика нагласи дека Велигден не потсетува на триумфот на светлината над темнината, животот над смртта и во суштина воскресението на надежта и верата.
– Почитувани верници, на овој празничен ден за вас, дозволете ми да се обратам на секој од вас посакувајќи ви здравје, просперитет и радост. Благословени да бидат вашите семејства на овој празник на воскресението. Велигден не потсетува на триумфот на светлината над темнината, на животот над смртта и во суштина на воскресението на надежта и верата. Честит Велигден и за многу години, се вели, меѓу другото во честитката на претседателот на ДУИ Ахмети по повод празникот Велигден, изјави Ахмети.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија