Македонија
9. April 2018 - 16:16

Велигден во Колешино село на четири вери и пример за меѓуверски соживот

Религиозните убедувања им се различни, но вербата во Бога е заедничка. Важат за село со најмногу вери во државата, но и како  пример  за соживот и почитување на разликите. Колешино  е село со околу 1000 жители во кое живеат православни христијани, методисти, адвентисти и јехови сведоци. Дел од нив деновиве го слават најголемиот христијански празник Велигднен, за други пат ова се само уште неколку    обични  денови.  Секој ги одбележува различно, согласно неговите верски убедувања и традиција, но една работа е  заедничка,  меѓусебна почит и разбирање.

,, Околу таа тема никаква расправија. Луѓето си се имаат, се сакаат, почитуваат околу верата, нема никаков проблем. вели Ирена Костадинова, жител на Колешино

,, Од секогаш Колешино било такво, се толерираат едни со други, се почитуваат, се женат,. Велигден кој го слави  кој не го  слави,  секој си тера по неговите обреди.,, вели Крсте Ѓорѓиев, жител на Колешино

,, Верата е една. Многу тука грешка се толкуваат различни вери. Верата е христијанска без разлика што има повеќе деноминации.  Од секогаш, јас уште од дете паметам дека имало многу добар соживот и до ден денес го има, сите сме христијани.,, вели Стефан Атанасов 

Потврда за соживотот и почитувањето, разбирањето, меѓусебната помош и поддршка даваат и свештениците кои со години служат во црквите во ова село. Велат и покрај се, тука разлики на верска основа не се прават.

,,  Сите си се подготвуваа за големиот празник оти тој е најголем празник за нас, а и за сите. Од тој празник почнуваат сите други празници и сите други слави. Немаме проблем никаков, убаво си живееме, сега малку последните неколку години партиите не раскапаа, а пред неколку години ние незнаевме оти има и други верски заедници,  си бевме заедно.,, вели Отец Илија Сумрачки  – МПЦ – ОА

,, Ние адвентистите освен сабота друг некој празник немаме. Секако дека се радуваме со сите христијани кога се радуваат и на Христовото раѓање и на Христовото  воскресение, меѓутоа тие денови не ги одбележуваме така на тој начин како другите христијани.,, вели Томе Божинов, адвентистичка црква 

Според последниот попис во Колешино има и неколку атеисти, но жителиетите од ова подбеласичко село со раскошна природа и еден од најубавите водопади во државата  велат  тоа за нив не е  проблем, тука се почитува секој и сечие убедување. Токму  во таквата меѓусебна почит и толеранција била тајната за нивното  заедничко живеење.

Новинар: Зоран Ѓорѓиев